Спорт

Белистојаноски: Освоив злато и ја направив Македонија горда!

Белистојаноски: Освоив злато и ја направив Македонија горда!

Македонскиот каратист, Матеј Белистојаноски вчера го донесе првото злато за Македонија на Медитеранските игри во Таранто откако победи во својата категорија во карате.

Тој е среќен и горд на својот успех и им порачува на сите да имаат верба во себе и да веруваат во своите цели.

„Се почувствував горд во тие моменти затоа што знаев дека сите ќе стојат исправено на македонската химна, помислив на мојот клуб, моето семејство и колку горди ги направив со ова злато. Во ниту една борба немав притисок, бев сконцентриран и тактички подготвен, верував во себе во секој момент и тоа придонесе да го освојам ова злато и да ја направам Македонија горда. На сите ќе им препорачам да веруваат во себе, да тренираат и никогаш да не се откажуваат затоа што се е можно, никогаш не знаеме што може да донесе спортот“, изјави Белистојаноски.

Освен златото на Медитеранските игри, тој претходно оваа година стана и европски шампион, а посакува во иднина каратето повторно да биде дел од Олимписките игри.

„Ова е моја година затоа што станав и европски и медитерански шампион и тоа е голем успех, среќен сум што ја направив Македонија во горда. Но, јас сум млад и времето е пред мене, се надевам дека некогаш каратето ќе се врати на Олимписките игри и ќе имам можност да освојам олимписки медал“, истакна македонскиот каратист.