Фудбал

Белингем им порача на фановите: Напијте се уште една тура и кажете му на шефот дека нема да одите на работа

Белингем им порача на фановите: Напијте се уште една тура и кажете му на шефот дека нема да одите на работа

Џуд Белингем, по фантастичната партија против Мексико (3-2) на Светското првенство, им порача на англиските навивачи да се напијат уште една тура и да не одат на работа утре.

Џуд Белингем продолжува да блеска на Светското првенство. Ноќеска тој постигна два гола во победата над Мексико од 3-2 и беше прогласен за играч на натпреварот. Досега на Мундијалот има пет погодоци и трипати на пет натпревари беше прогласуван за најдобар на мечот.

По вчерашната победа, Белингем имаше порака до англиските фанови. „Напијте се уште една тура, пишете им на шефовите и кажете им дека утре нема да дојдете на работа“, им порача тој.

Англија со оваа победа продолжува да го привлекува вниманието на светската фудбалска јавност, а Белингем е несомнено еден од најзаслужните за успесите на тимот.