Белгија приреди спектакуларен пресврт против Сенегал и со победата од 3-2 по продолженија обезбеди место во осминафиналето на Светското првенство. „Црвените ѓаволи“ до 86. минута губеа со 0-2, но успеаја да се спасат, а победата ја обезбедија во 125. минута. Следен ривал ќе им биде победникот од дуелот меѓу САД и Босна и Херцеговина.
Сенегал беше подобар тим во најголемиот дел од натпреварот и со головите на Хабиб Дијара во 23. и Исмаила Сар во 51. минута стекна убедлива предност. Кога изгледаше дека африканската селекција сигурно чекори кон осминафиналето, Белгија се разбуди.
Ромелу Лукаку во 86. минута намали на 1-2, а само три минути подоцна Јури Тилеманс со удар со глава го израмни резултатот и го одведе натпреварот во продолженија.
Одлуката падна во самиот финиш, кога по ВАР интервенција Белгија доби пенал, а Тилеманс во 125. минута беше прецизен од белата точка за голема радост и пласман меѓу 16-те најдобри селекции на Мундијалот.