Брера и Беласица ги поделија бодовите во струмичкото дерби од осмото коло во Втората македонска фудбалска лига откако нивниот меѓусебен дуел заврши без голови (0-0).
Двете струмички екипи не успеаја да ја затресат противничката мрежа, па на крајот мораа да се задоволат со по еден бод.
Со ремито, Брера ја задржува четвртата позиција на табелата со 15 бодови, додека Беласица се наоѓа на шестото место со три бода помалку.
Во следното коло Брера ќе гостува кај Осогово, додека Беласица ќе ја има предноста на домашниот терен во дуелот со Македонија Ѓорче Петров.
Денеска со реми заврши и средбата помеѓу Камјани и Кожуф кои одиграа 1-1.