Фудбал

Бајер го испрати Дортмунд на врвот во Бундеслигата! (ВИДЕО)

Бајер го испрати Дортмунд на врвот во Бундеслигата! (ВИДЕО)

Поранешниот германски шампион Борусија Дортмунд се искачи на врвот на табелата во Бундеслигата, откако славеше над Ајнтрахт Франкфурт со 1-0, а погодокот за триумф го постигна Максимилијан Бајер во 80. минута.

Дортмунд имаше иницијатива во текот на натпреварот, па се закани неколку пати преку Серио Гираси и Даниел Свенсон, но не успеа да ја затресе мрежата на противникот.

Победата на „милионерите“ ја обезбеди Максимилијан Бајер, кој ја затресе мрежата на Франкфурт со прецизен удар и донесе три бодови за Дортмунд.

Борусија со оваа победа скокна до врвот во Бундеслигата и има 17 бодови од седум натпревари. На второто место е Баерн Минхен со 14 поени и натпревар помалку од „милионерите“.