Фудбал

Башкими го доби Арсими за трет триуфм сезонава

Башкими го доби Арсими за трет триуфм сезонава

Фудбалерите на Башкими приредија мало изненадување и во 12. коло се радуваа против Арсими стигнувајќи така до третата победа сезонава.

Првото полувреме не донесе премногу прилики, па и мрежите мируваа. Башкими дуелот го реши со два гола 15 минути. Прво кумановскиот состав поведе во 50-тата кога стрелаше Стефан Ристовски, а вториот удар го зададе во 65-тата преку Рибеиро.

Арсими по двата гола тргна по израмнување, но успеа само да постигне почесен гол на 15-тина минути пред крајот на средбата, стрелец беше Ибрахим Гаје.

Башкими така сега дојде до десет бода со што се израмни токму со Арсими на табелата деветата позиција, зад нив е Скопје со четири бода.