Атлетик Билбао дојде до голема победа во легендарното дерби кое се играше на „Сан Мамеш“.
Атлетик Билбао со 2:1 го доби тимот на Реал Сосиедад во баскиското дерби. Сите три гола паднаа во првото полувреме, додека второто изобилуваше со многу ости стартови и жолти картони, особено за Реал Сосиедад.
Ињаки Вилјамс на додавање на Нико Вилијамс во 14. миунта од средбата. Сучиќ во 30. мнута донесе израмнување за тимот од Сан Себастијан..
Беренгер во втората минута од судиското надополнување на првиот дел од пенал донесе предност, што беше конечен резултат.
Во вториот дел Билбао успеа да се одбрани, да ја задржи предноста и после четири меча да добие дерби на Баскија. Играч на мечот е голманот Унаи Симон кој успеа да одбрани неколку тешки удари.



