Шпанската фудбалска федерација ја казни Барселона со 602 евра по пријавата на Атлетико Мадрид, кој го обвини каталонскиот клуб дека стапил во контакт со Хулијан Алварез додека аргентинскиот напаѓач сè уште имал важечки договор со мадридскиот тим.
Дисциплинската комисија ја затвори постапката против Барселона, но каталонскиот гигант сепак нема да помине без казна. Федерацијата одлучи да му изрече парична санкција во максимален износ од 602 евра, согласно членот 133 од дисциплинскиот правилник.
Овој член предвидува казни за непочитување на наредби, упатства, одлуки и други обврски утврдени со правилата на федерацијата, пренесуваат шпанските медиуми.
Пријавата ја поднесе Атлетико Мадрид, од каде што се сомневаа дека Барселона преговарала со Алварез во период кога аргентинскиот голгетер бил под договор со нивниот клуб. Контактите меѓу каталонците и напаѓачот биле квалификувани како полесен дисциплински прекршок.
Правилникот за ваков вид прекршоци предвидува различни санкции, парична казна до 602 евра, суспензија до два месеца или најмалку два натпревари, како и можност за затворање на стадионот за еден натпревар.
На крајот, федерацијата се одлучи за најблагата од наведените мерки, па Барселона ги избегна построгите последици. Наместо суспензија на клупски функционери или затворање на дел од стадионот, каталонскиот клуб ќе треба да плати само 602 евра.