Каталонскиот клуб веќе ги крои плановите за идниот преоден рок, нивна нова мета е фудбалер на Интер.
Станува збор за Федерико Димарко кој се покажа како еден од најдобрите играчи во Серија А.
Иако е бек, тој на 47 натпревари даде осум гола и подели 18 асистенции.
Неговиот актуелен договор трае до јуни 2027 година, со опција за продолжување, а Барселона, според шпанските медиуми, се обидува да ја искористи неговата моментална ситуација.
Целта е следното лето да тргнат по него со сериозна понуда која, но големо прашање е дали ќе успеат во својата намера, имајќи предвид дека Димарко уште од детството е навивач на Интер.