Фудбал

Барселона сака да го „копира“ стоперскиот тандем на Шпанија

Барселона сака да го „копира“ стоперскиот тандем на Шпанија

Шпанскиот првак тргнува по услугите на Лапорт, кој играше заедно со Кубарси на штотуку звршеното Светско првенство.

Барселона планира да започне преговори за потпишување на шпанскиот репрезентативец Ајмерик Лапорт (32), објавија шпанските медиуми.

Според истите извори, челниците на каталонскиот клуб треба да контактираат со претставниците на 32-годишниот дефанзивец во наредните денови за да ја истражат можноста за негово пристигнување.

Се вели дека Барселона во Лапорт гледа играч кој би можел да ја зголеми конкуренцијата во централната одбрана, пред сè поради неговото искуство, лидерските квалитети и фактот дека игра со левата нога.

Покрај тоа, тој би бил дел од одбраната со својот шпански соиграч Пау Кубарси, со кого блескаше за време на Светското првенство.

ако што објавија шпанските медиуми, спортскиот директор Деко ги следел настапите на шпанскиот репрезентативец за време на Светското првенство, а неговите настапи дополнително ја зајакнаа позицијата на клубот дека тој би можел да биде квалитетно решение за одбраната.

Според достапните информации, клаузулата за откуп во договорот на Лапорт е 15.000.000 евра, што Барселона го смета за финансиска прифатлива сума.