Фудбал

Барселона брка рекорд стар 58 години: Реал Мадрид е последната пречка!

Барселона брка рекорд стар 58 години: Реал Мадрид е последната пречка!

Барселона вечерва ќе го пречека Реал Мадрид во „Ел Класико“ на стадионот „Камп Ноу“ во 10. коло од шпанската Ла Лига, а притоа екипата на Ханси Флик би можела да испише историја.

Каталонците го пречекуваат Реал Мадрид со шанса да станат првиот тим во историјата на Ла Лига што ја почнал сезоната со 10 победи по ред.

Избраниците на Флик ги добија првите девет натпревари во шпанското првенство и сега го чекаат најголемиот ривал. Досегашниот рекорд е девет победи на стартот, а истиот претходно беше поставен од Реал Мадрид во сезоната 1968/69.

Евентуална победа на каталонскиот гигант не само што би му донела 10. триумф по ред, туку и би ја зголемила предноста пред „кралевите“ на девет бодови на стартот на сезоната.

„Ел Класико“ се игра вечерва од 21 часот на „Камп Ноу“.