Фудбал

Барселона без важен играч еден месец, го пропушта и дербито против Атлетико М.

Барселона без важен играч еден месец, го пропушта и дербито против Атлетико М.

Поради повреда на мускулот на десната нога, шпанскиот репрезентативец ќе го пропушти дербито со Атлетико Мадрид, но и неколку следни натпревари на каталонскиот тим.

Барселона се соочува со сериозен проблем, откако медицинските прегледи потврдија дека Родри заработил повреда на десната нога, поради која ќе биде надвор од терените околу еден месец.

Шпанскиот репрезентативец се повреди на натпреварот од Лигата на шампионите против Астон Вила. Тој почувствувал болка во завршницата од првото полувреме, по што во консултација со тренерот Ханси Флик и медицинскиот тим било одлучено да не го продолжи настапот.

Неговото место во второто полувреме го зазеде Марк Бернал.

Дополнителните прегледи покажале повреда на мускулот на десната нога. Барселона официјално потврди дека Родри нема да биде во конкуренција за претстојниот натпревар против Атлетико Мадрид, додека точниот период на неговото закрепнување ќе зависи од текот на рехабилитацијата.

Доколку паузата навистина трае околу еден месец, Родри ќе пропушти неколку важни натпревари на Барселона, а ќе биде надвор од комбинација и за обврските на шпанската репрезентација.

Ова е сериозен удар за Флик, со оглед на важноста на Родри во средниот ред. Неговото отсуство ќе му отвори поголем простор за настап на Марк Бернал, но и ќе го принуди германскиот стратег да бара алтернативни решенија во една од најважните линии на тимот.