Фудбал

Барса го договори трансферот на Адејеми, познати се деталите

Барса го договори трансферот на Адејеми, познати се деталите

Карим Адејеми од Борусија Дортмунд се сели во Барселона, трансферот наскоро треба и официјално да биде потврден.

Договорот на Адејеми со Дортмунд истекуваше во јуни 2027 година, фудбалерот сакаше трансфер во Барселона, а Борусија мораше да го продаде за да не ризикува да го загуби беспари следното лето.

Во една таква ситуација Барселона се избори за одлична цена. Каталонците за овој трансфер ќе платат 22 милиони евра плус 7 милиони во бонуси.

Адејеми ќе потпише петгодишен договор со Барселона.