Мото ГП

Бањаја конечно победи во спринт на ГП на Чешка во Брно

Бањаја конечно победи во спринт на ГП на Чешка во Брно

Двојниот светски шампион во МотоГП, Франческо Бањаја, триумфираше во спринт трката за Големата награда на Чешка на патеката во Брно запишувајќи ја првата победа во спринт по октомври минатата година.

Франческо Бањаја, двојниот светски шампион во кралската класа, е победник на спринт трката за Големата награда на Чешка на патеката во Брно. За 29-годишниот Италијанец ова е прва победа во спринт уште од 25 октомври минатата година на Сепанг во Малезија.

Возачот на фабричкиот тим на Дукати, кој последната „вистинска“ победа ја забележа на ГП на Солидарноста во Барселона на крајот на сезоната 2024, сега водеше од почеток до крај на 10-те круга на автодромот што го носи името на првиот претседател на Чехословачка, Томаш Масарик.

Ова е значаен момент за Бањаја, кој го прекина периодот без триумф во спринт дисциплината. Со оваа победа тој покажува дека е во добра форма пред главната трка.

Втор беше Аи Огура, а место на подимумот имаше и за Марк Маркез.