Баер Леверкузен ја продолжи победничката серија во Бундеслигата, откако на домашен терен го совлада Фрајбург со 2-1. Трите бода за домаќините ги обезбеди Патрик Шик, кој погоди во завршницата од натпреварот.
Фрајбург имаше одличен почеток и поведе во 14. минута со голот на Дери Шерхант. Сепак, гостите не успеаја долго да ја задржат предноста, бидејќи Ибрахим Маза само пет минути подоцна ја искористи својата шанса и донесе израмнување.
По почетните возбудувања, резултатот остана непроменет сè до 76. минута. Тогаш Шик се најде на вистинското место и ја затресе мрежата на Фрајбург за голема радост на домашните навивачи и конечни 2-1.
Чешкиот напаѓач со овој погодок продолжи да испишува историја во дресот на Леверкузен, откако постигна гол на секој од првите шест натпревари на тимот во оваа сезона од Бундеслигата.