Фудбал

Баерн Минхен ја искористи кризата на „Олд Трафорд“ и договори големо засилување

Баерн Минхен ја искористи кризата на „Олд Трафорд“ и договори големо засилување

Баерн Минхен сака да го засили својот скаутинг-сектор со човек од Манчестер јунајтед, а наводно веќе стапиле во контакт и постигнале договор со наследникот на Нилс Шмадтке.

Станува збор за Кристофер Вивел, кој моментално ја извршува функцијата шеф на сакутинг-службата во Манчестер Јунајтед.

Вивел има одлична репутација во фудбалските кругови, а во минатото работеше во Ред Бул, каде што учествуваше во откривањето и ангажирањето млади таленти.

Германецот претходно работел како скаут во Хофенхајм и Салцбург, додека во Лајпциг и Челси бил технички директор.