Фудбал

Баерн и без Кејн даде шест гола, Леверкузен со пресврт до следната рунда во купот

Баерн и без Кејн даде шест гола, Леверкузен со пресврт до следната рунда во купот

Баерн Минхен рутински обезбеди пласман во следната рунда од Купот на Германија, откако вечерва го декласираше Магдебург со убедливи 6-1. Баварците доминираа од почетокот до крајот, и покрај тоа што настапија без тренерот Венсан Компани и најмалку шестмина првотимци поради повреди.

Хари Кејн доби одмор по прославата на освоената „Златна топка“, па главната улога во офанзивата ја презеде Олисе, кој двапати се запиша меѓу стрелците. Во листата на стрелци се најдоа и Саидари, Браун и Дејвис, додека младиот Даибер во завршницата го постави конечниот резултат од 6-1, потврдувајќи ја убедливата победа на баварскиот гигант.

Далеку повозбудливо беше во Леверкузен, каде што Баер успеа да се врати од негатива од два гола и на крајот да слави со убедливи 5-2 против Нирнберг.

Гостите приредија изненадување во првиот дел, кога по половина час игра веќе имаа предност од 2-0. Сепак, „фармацевтите“ не се предадоа, а Тапсоба пред паузата намали на 1-2 и му даде нова надеж на домашниот тим.

Во продолжението Баер заигра многу подобро и целосно го сврте резултатот. Тапсоба со својот втор погодок донесе израмнување, а потоа Шик, Хофман и Лукас се погрижија за целосен пресврт и убедлив триумф на домаќините, кои продолжуваат во германскиот Куп.