Ѕвездата на Баерн Минхен, Мајкл Олисе, се поврзува со Реал Мадрид, но тешко се купува фудбалер од баварскиот тим ако тие не сакаат да го продадат.
Според „Билд“, Баерн Минхен ја отфрлил можноста за продажба на Олисе во Реал Мадрид ова лето.
Германскиот клуб во својот фудбалер гледа клучен играч за долгорочните планови.
Баерн Минхен и Реал Мадрид имаат џентлменски договор дека нема да инсистираат на меѓусебни трансфери ова лето.