Алварез заигра кај Атлетико Мадрид, но Билбао успеа да стигне до победата.
Атлетик Билбао оствари убедлива победа од 3:0 против Атлетико Мадрид во дербито од четвртото коло во Ла Лига и му го нанесе првиот пораз на мадридскиот тим сезонава.
Атлетико имаше повеќе од играта во првото полувреме, но целосно потфрли по паузата. Нико Вилијамс погоди со глава во 46. минута по ударот на неговиот брат Ињаки, а само две минути подоцна Роберт Наваро зголеми на 2:0 по асистенција од Ињаки.
Гостите потоа се обидоа да се вратат во натпреварот, но не успеаја да ја затресат мрежата. Во 90. минута Ојхан Сансет ги постави конечните 3:0, откако Џони Кардосо пресече едно додавање и му ја намести топката.
По четири кола, Атлетико има седум бода и е на шестото место, додека Атлетик Билбао е седми со шест бода.