Фудбал

Атанасијевиќ во последната секунда го спаси Пелистер од пораз во Охрид!

Атанасијевиќ во последната секунда го спаси Пелистер од пораз во Охрид!

Возбудливо дерби на отворањето на новата ракометна сезона, Охрид и Еурофарм Пелистер одиграа нерешено 28-28, домаќините ги делеа секунди до победа, но Петар Атанасијевиќ донесе реми за битолчани.

Првото дерби оваа сезона беше крајно изедначено, двете екипи се менуваа во мечот кој донесе неизвесност, тензија и драма.

Во убава атмосфера во салата „Билјанини Извори“, ниту еден од двата тима не успеа да се одлепи на повеќе од два гола предност.

Првото полувреме го доби Еурофарм Пелистер со 14-13. А финишот од мечот беше посебна приказна. Охрид преку Мете даде гол на половина минута до крајот, пелистерци го имаа последниот напад. Гол на секунда пред крајот даде Петар Атанасијевиќ за конечни 28-28.

Најефикасен во составот на Охрид беше Доминик Мате со 11 голови, кај Пелистер капитенот Кузмановски постигна 10, а фантастичен меч имаше Петар Атанасијевиќ со осум гола од исто толку обиди.