Фудбал

Аталанта се разбуди предоцна, Милан славеше по драма во финишот (ВИДЕО)

Аталанта се разбуди предоцна, Милан славеше по драма во финишот (ВИДЕО)

Фудбалерите на Милан триумфираа во дуелот против Аталанта со 3-2 во седмото коло од италијанската Серија А. „Росонерите“ имаа предност и од 3-0, но гостите во завршницата беа блиску до враќање во живот.

По само 13 минути Милан ја затресе мрежата на Аталанта преку Кристијан Пулишиќ, но радоста кратко траеше бидејќи погодокот беше поништен од ВАР-системот.

„Росонерите“ не запреа со нападите, па набрзо добија пенал кој беше реализиран од Гончало Рамош, а до крајот на првиот дел погоди и Адриен Рабио за предност од 2-0.

Милан постигна и трет погодок во 58. минута, по што делуваше дека лесно ќе стигне до три бодови, меѓутоа Аталанта не се предаде.

Екипата од Бергамо преку Џанлука Гаетано намали на 1-3 во 66. минута, а дополнителен шок на „росонерите“ им приреди Никола Крстовиќ кој погоди за 2-3 и ја врати неизвесноста во завршницата од мечот.

Милан во последните 10 минути од натпреварот успеа да се одбрани од налетот на Аталанта и да стигне до три важни бодови.