Карим Адејеми, ѕвездата на Борусија Дортмунд, откри детали за казната од речиси половина милион евра поради поседување забранети предмети, поврзани со неговата партнерка, албанската раперка Лоредана.
Германскиот фудбалер Карим Адејеми, играч на Борусија Дортмунд, се најде во центарот на вниманието откако обелодени како останал без значителна сума пари поради правни проблеми во Германија. Адејеми е казнет со неверојатни 450.000 евра поради поседување забранети предмети, а деталите ги изнесе во нов документарец на Amazon Prime.
Случајот започнал кога неговиот најдобар пријател, Бен, бил запрен на аеродром со пакети кои фудбалерот ги нарачал преку интернет. Во багажот, полицијата пронашла фантомка, скокачки нож и боксери – предмети кои се строго забранети според германскиот закон. Адејеми пред судот се бранел со тврдење дека не знаел што купува, објаснувајќи дека станувало збор за „кутија изненадување“ од ловџиска веб-страница.
„Тоа беше ‘кутија изненадување’ од еден ловџиски сајт. Знаев отприлика што би можело да биде внатре, но не знаев точно. Можеше да биде сè, од џебен нож до боксери“, изјавил фудбалерот, но судот не покажал разбирање за неговото објаснување.
Како главен мотив за поседувањето на овие предмети, Адејеми го навел заштитничкиот инстинкт кон неговата сопруга Лоредана, позната албанска раперка, која е седум години постара од него и со која стапил во брак кон крајот на 2024 година. „Мојата сопруга е раперка, таа е јавна личност. Сметам дека некој кој е толку изложен мора да може да се одбрани. Размислував: ако можам тоа да го нарачам, сигурно не е илегално. Моето семејство не смее да се допира“, порачал Адејеми.
Овој инцидент следи по неговите контроверзни потези на Косово и Метохија, каде што позираше пред споменик на терористичката ОВК и покажуваше симбол на двоглав орел, што предизвика силни реакции во јавноста.