Стрелец на единствениот гол беше нововлезениот Диего Контрерас, кој погоди по само пет минути.
Во дербито на дното, Арсими го совлада тимот на Башкими со 1-0, и ја запиша првата победа во Првата македонска фудбалска лига. Ова беше првиот натпревар од 3. коло во ПМФЛ.
Тимот од Чегране до победата стигна во 82. минута со голот на „џокерот“ Диего Контрерас. Колумбиецот постигна убав гол, кој беше доволен за трите бода.
Во првиот дел Башкими се покажа како „жилав“ противник, дури имаше и две добри шанси. Од друга страна Арсими ја погоди пречката.
Башкими го запиша и третиот пораз во зезоната, откако загуби во првото коло од Силекс со 6-0, и од Тиквеш со 0-5, еве продолжува нивната црна серија без постигнат гол и со три порази.