Фудбал

Арсенал се израмни со Сити, стоперите го урнаа Евертон (ВИДЕО)

Арсенал се израмни со Сити, стоперите го урнаа Евертон (ВИДЕО)

Арсенал го искористи поразот на Манчестер сити против Астон вила и со победа од 2-0 против Евертон, англискиот шампион се израмни на врвот на табелата.

Трите бода за избраниците на Артета денеска ги обезбедија двата стопери, Конса и Габриел. Резултатот беше отворен во седмата минута кога летното засилување на „топчиите“ го искористи нафрлувањет оод Ѓокереш и погоди за 1-0. За Конса ова беше и првенец во дресот на Арсенал.

Тоа беше и единствениот гол во првото полувреме. Арсенал продолжи да биде подобар противник и во вториот дел, Евертон никако не успеваше сериозно да се закани. Точка на натпреварот стави Габриел кој стрелаше во 68-та минута од средбата.

Арсенал и Сити сега имаат по 21 бод, зад нив следи Брајтон кој со натпревар помалку е на 16.

Во вториот натпревар во истиот термин, Фулам успеа да врзе две победи во низа и славеше над Ковентри со 1-0.