Лондонскиот гигант има предност од 1:0 на дербито против Ливерпул, а домаќините ја погодија и пречката преку Вирц во првото полувреме.
Арсенал има предност од 1:0 на гостувањето кај Ливерпул во големото дерби од Премиер-лигата, кое се игра на „Енфилд“. Стрелец на единствениот погодок во првото полувреме беше Каи Хаверц, кој ја искористи грешката во одбраната на домаќините.
„Топчиите“ ја презедоа иницијативата уште од почетокот, а притисокот вроди со плод во 16. минута. Алисон направи лошо додавање, а Жаке ја загуби топката, по што Деклан Рајс испрати ниска топка во казнениот простор. Хаверц се најде на вистинското место и од непосредна близина ја затресе мрежата за 0:1.
Ливерпул се обиде брзо да возврати, но Арсенал продолжи да создава опасни ситуации пред голот на Алисон. Во неколку наврати гостите беа блиску до втор погодок, додека домаќините бараа најстрога казна по дуелите во противничкиот шеснаесетник, но судијата не покажа на белата точка.
Најдобрата можност за израмнување во првиот дел ја имаше Флоријан Вирц во 39. минута. Германецот изведе одличен слободен удар, го совлада голманот Давид Раја, но топката заврши во пречката.
Непосредно пред паузата, Ливерпул пропушти уште една голема шанса. Алексис Мак Алистер остана сам по центаршутот на Керкез, но неговиот удар со глава од неколку метри заврши над голот.
Арсенал, кој нема првенствена победа на „Енфилд“ цели 14 години, во второто полувреме ќе се обиде да ја сочува предноста и да освои исклучително важни бодови во трката за врвот во Премиер-лигата, а Циолис имаше шанса и порано да го реши победникот, но Алисон имаше супер одбрана.