Фудбал

Арсенал водеше па извлече бод во Минхен, Реал Мадрид убедлив против Лајпциг (ВИДЕО)

Арсенал водеше па извлече бод во Минхен, Реал Мадрид убедлив против Лајпциг (ВИДЕО)

Одличен натпревар се одигра на „Алијанц Арена“ кој заврши без победник 2:2, додека „кралевите“ усепаја да слават лесна победа над Лајпциг.

Баерн Минхен прво губеше, па водеше, и на крај мораше да се задоволи со бод од домашниот меч против Арсенал во третото коло во Лигата на шампионите.

Веднаш со хендикеп се соочи Арсенал по повредата на Сака во 10. минута и влезе Езе, а таа замена се покажа како исправна, затоа што Езе донесе предност за „топчиите“ во 25. минута.

Радоста на лондончани траеше само 10 минути откако Дејвис по асистенција на Кејн, успеа да донесе „егал“.

Во 61. минута беше досуден пенал за Баерн, кој успешно го реализираше Кејн за прво водство на Баерн.

Но, потоа Арсенал ја презеде иницијативата и преку Рајс, успеа да дојде до израмнување. Арсенал имаа шанса и за три бода, но ударот на Тимбер одлично го спречи Нојер.

Реал Мадрид со головите на Бернардо Силва, Гулер и два гола на Мбапе, го совлада тимот на Лајпциг на домашен терен. Германците само успеаја да намалат преку Гомис.

Интер го слави Карлос Аугусто, кој донесе три бода во дуелот со Шахтјор Доњецк, и дојдоа до првата победа во ЛШ после стартните порази од Реал Мадрид и Бриж.

Бриж по триумфот во Милано, на домашен терен го совлада тимот на Ленс, додека Бетис со 1:0 го победи Феенорд. Астон Вила славеше победа над Викинд со 3:1, додка Спортинг Лисабон на домашен терен беше шокиран од ЛАСК Линц со 2:3.