Бразилскиот фудбалер Антони доживеа непријатно искуство откако неговиот дом бил ограбен додека тој настапуваше за Бетис на натпреварот против Порто во Лигата на шампионите.
По натпреварот, крилниот напаѓач се огласи на социјалните мрежи и ја сподели својата разочараност од случувањето. Антони истакна дека најмногу не го погодува материјалната загуба, туку чувството на несигурност што го оставил инцидентот кај неговите најблиски.
„Најмногу ме боли стравот во очите на моето семејство, чувството на несигурност на местото каде што треба да се чувствуваме најзаштитени“, кажа Бразилецот.
Случајот е пријавен во шпанската полиција, која работи на истрагата и идентификувањето на сторителите. Засега не е објавена точната вредност на украдените предмети.