Формула 1

Антонели победи на спринтот во Велика Британија

Антонели победи на спринтот во Велика Британија

Кими Антонели продолжува со одличните настапи оваа сезона во Формула 1, денеска беше најбрз на спринт трката на Силверстоун.

Антонели стигна до првата победа на спринт-трка во кариерата, откако успеа да го помине Луис Хамилтон во осмиот круг, а потоа да го задржи водството до крајот на трката.

Третата позиција му припадна на Ландо Норис, по што следат Џорџ Расел, Шарл Леклер, Макс Ферстапен и Оскар Пјастри, кои понудија големи возбудувања на патеката.

Квалификациите за трката за Големата награда на Велика Британија се возат од 17 часот, додека главната трка е на програмата утре од 16 часот.