Формула 1

Антонели може да стане светски шампион во САД: Познато што му е потребно за да испише историја!

Антонели може да стане светски шампион во САД: Познато што му е потребно за да испише историја!

Италијанецот Кими Антонели е на чекор до историски успех во Формула 1. Возачот на Мерцедес уште на трката за Големата награда на САД во Остин може да ја освои светската титула и да стане најмлад шампион во историјата на „најбрзиот циркус“ во светот.

Антонели пред трката во САД има 340 бодови во генералниот пласман, односно дури 102 поени повеќе од тимскиот колега Џорџ Расел, како и 111 бода повеќе од Луис Хамилтон.

Младиот возач на Мерцедес може да ја реши трката за титулата уште во Остин, но не е доволно само да победи, туку треба да се исполнат и други услови во однос на неговите најголеми ривали.

Антонели мора да победи на трката во САД, а Расел да заврши на деветтото место или подолу, додека Хамилтон не смее да се пласира меѓу најдобрите четири на трката.

Доколку се остварат сите три услови, тогаш Антонели ќе има недостижна предност пред Расел и Хамилтон, а со тоа ќе ја освои шампионската титула.

Возачот на Мерцедес со евентуално освојување на титулата ќе го урне и рекордот на Себастијан Фетел, кој стана најмлад светски шампион во Ф1 во 2010 година, на возраст од 23 години.