Фудбал

Англиски репрезентативец се сели во Арсенал како замена за Салиба

Англиски репрезентативец се сели во Арсенал како замена за Салиба

Англискиот првак ќе го ангажира стоперот целосно бесплатно поради тоа што му истече договорот со Манчестер Сити.

Џон Стоунс, досегашниот стопер на Манчестер Сити и на англиската репрезентација, би можел да потпише договор со Арсенал, и да ја засили одбраната на шампионот на Англија.

„Топчиите“ се обидуваат да пронајдат замена за Вилијам Салиба, кој се повреди за време на Светското првенство и ќе биде надвор од терените до крајот на годината. Токму од тука, Арсенал е во потрага по стопер, а изборот паднал на Стоунс.

Овој искусен стопер е слободен агент, откако му истече договорот со Манчестер Сити, а беше и дел од селекцијата на Англија на Мундијалот, каде и играше неколку натпревари.

Тој би требало да ја засили дефанзивата која ќе остане „тенка“ после повредата на еден од најдобрите дефанзивци во моментов, Вилијам Салиба кој ја напушти играта во полуфиналето против Шпанија уште по првиот дел, поради повреда на грбот.