Нашата натпреварувачка не успеа да избори место меѓу осумте најдобри во дисциплината воздушна пушка 10 метри.
Анастасија Мојсовска го заврши настапот на Медитеранските игри во Таранто, Италија на 18-тата позиција во дисциплината воздушна пушка на 10 метри.
Мојсовска на крајот имаше 616.9 поени. Првото место во квалификациите го освои Анѓелија Стевановиќ од Србија, која го освои првото место со 632.7 поени. На второто место беше Дамла Косе од Турција со 631.1 поен, додека трета Александра Стојадиновиќ од Србија со 630.0 поени.
Во финалето продолжија и Инес Мартон Борас од Шпанија, Закира Пусина од БиХ, Анамарија Турк од Хрватска, Карлота Салафија од Италија и Урска Храсовец од Словенија.
Вкупно се натпреваруваа 26 натпреварувачки.