По Мексико, уште еден домаќин си обезбеди пласман во нокаут фазата на Светското првенство. Американската репрезентација ја совлада Австралија со 2-0 и по две кола има максимални шест бода.
Домаќинот уште од стартот наметна силно темпо и брзо стигна до предност. Во 11. минута по опасен продор од левата страна, Камерон Бурџес несреќно ја затресе сопствената мрежа за 1-0.
САД продолжија да напаѓаат и пред паузата ја удвоија предноста. Крис Фримен најдобро се снајде по една одбиена топка и со удар со глава погоди за 2-0. Погодокот беше проверуван со ВАР поради можен офсајд, но на крајот беше признат.
Австралијците беа безопасни во првиот дел, па Тони Поповиќ направи три измени веднаш по одморот. Сепак, и покрај неколкуте обиди за реакција, Американците рутински ја задржаа предноста и го потврдија пласманот меѓу најдобрите 16 селекции.