Кошарка

Американците не веруваат во Јокиќ, избраа друг кошаркар за фаворит за МВП

Американците не веруваат во Јокиќ, избраа друг кошаркар за фаворит за МВП

Генералните менаџери во НБА лигата гласаа во традиционалната анкета и не го гледаат Никола Јокиќ како освојувач на МВП признанието, ниту Денвер како кандидат за титулата, додека на Лука Дончиќ му ја променија позицијата.

Се наближува почетокот на сезоната во НБА лигата, па на официјалната веб-страница на најсилната кошаркарска лига во светот беше објавена анкета во која учествуваа генералните менаџери на сите 30 тимови. Србинот го сметаат за најдобар центар во лигата, со 63 отсто од гласовите, додека зад него е Виктор Вембањама со 37 отсто.

Интересно е што на Дончиќ му ја променија позицијата за да можат да гласаат за него. Така, тој не е сметан за плејмејкер, туку за крилен кошаркар, а на таа позиција доби 37 отсто од гласовите. Зад него се Џејсон Тејтум со 33 и Кавај Ленард со 17 отсто. За најдобар плејмејкер е прогласен Шеј Гилџес-Александер со 67 отсто, најдобар бек е Ентони Едвардс со 73 отсто, а најдобар крилен центар е Јанис Адетокумбо со 70 отсто од гласовите.

Генералните менаџери веруваат дека шампионската титула во НБА ќе ја освои Сан Антонио, кој доби 50 отсто од гласовите. Зад нив е Оклахома со 43 отсто, додека Денвер не доби ниту еден глас. Сепак, Нагетс ги гледаат како четврти најдобар тим на Западот.

Генералните менаџери сметаат и дека МВП признанието ќе му припадне на Вембањама, кој доби дури 77 отсто од гласовите. Зад него е Јокиќ со 10 отсто, а Едвардс доби седум отсто. Гласови добија и Шеј Гилџес-Александер и Тејтум.

Денвер и Оклахома го делат првото место во категоријата за тим со најголема предност на домашниот терен, со по 37 отсто од гласовите. Јокиќ е втор со 33 отсто од гласовите во категоријата за играч против кого тренерите мора да прават најмногу тактички приспособувања. Пред него е само Вембањама со 47 отсто.

Вембањама го презеде и првото место во гласањето за најдобар интернационален играч во НБ лигата, со 53 отсто од гласовите, наспроти 47 отсто колку што доби Јокиќ.

Саша Везенков, пак, со 77 отсто од гласовите е избран за најдобар интернационален играч кој не настапува во НБ лигата. Зад него е Јонас Валанчијунас, а гласови добиле и Никола Миротиќ, Жан Монтеро, Кендрик Нан…Кога станува збор за Никола Јокиќ, српскиот центар доби најмногу гласови во уште две категории.

Тој е прв во изборот за најдобар асистент, со 87 отсто од гласовите, додека зад него е Дончиќ со осум отсто. Исто така, Јокиќ е прогласен за играч со највисок кошаркарски коефициент на интелигенција, со 67 отсто од гласовите, пред Леброн Џејмс, кој доби 33 отсто.