Турскиот клуб сака сериозно да ги засили своите редови
Галтасарај тргнува во амбициозен обид на ангажман на фудбалерот на Манчестер Сити, Фил Фоден. Доскорашниот англиски репрезентативец во последните месеци не е во посакуваната форма, а тоа сака да го искористи турскиот гигант, и да го доведе во своите редови.
Според информациите од Турција, „жолто-црвените“ секаат да понудат околу 60 милиони фунти, и сметаат дека ќе бидат доволни да стигнат до потписот на 26-годишникот.
Договорот на Фоден со Сити истекува следното лето, и тоа е еден од адутите на Галата дека може да дојде до неговиот потпис. Иако пред два месеци се појави информација дека клубот и англискиот фудбалер договориле нова соработка, сепак, и натаму не е ништо официјализирано.
Фудбалерот го загуби својот статус на првотимец во Манчестер Сити, и како резултат на тоа не доби повик од селекторот Томас Тухел за настап на Светското првенство.