Фудбал

Алeгри предизвика скандал по дербито: Минатата година им ја подарија Лигата на шампиони!

Алeгри предизвика скандал по дербито: Минатата година им ја подарија Лигата на шампиони!

Наполи и Рома одиграа одличен натпревар со шест голови (3-3), а тренерот Масимилијано Алегри беше во центар на внимание откако доби црвен картон, па упати жестоки критики  кон судиите.

Екипата на Алегри беше блиску до трите бодови, но Рома успеа да израмни во самиот финиш и да освои голем бод во дербито.

Нервозата кај Алегри кулминираше во завршницата, кога судијата му покажа црвен картон. Тренерот на Наполи беше незадоволен од одлуката и по натпреварот тврдеше дека не направил ништо што заслужувало исклучување.

„Четвртиот судија го повика главниот арбитар и овој ме исклучи. Не кажав ништо. Следниот пат ќе седнам на клупата и нема да се поместувам. Секогаш кога ќе станам, добивам црвен картон“, кажа Алегри.

Алегри упати критики и за минатогодишната трка за местата кои водат во Лигата на шампиони (ЛШ), кога тој со Милан остана без пласман, додека Рома заврши на позиција која ги однесе во елитното натпреварување.

„Минатата година им ја подарија Лигата на шампионите“, изјави Алегри.