Саудискиот гигант Ал Наср, во чии редови настапува Кристијано Роналдо, се соочува со сериозни финансиски проблеми. Долгот на клубот надминал 800 милиони саудиски ријали, односно околу 200 милиони евра.
„Газета дело Спорт“ објави дека американскиот бизнисмен Џери Кардинале, кој е мнозински сопственик на Милан преку инвестицискиот фонд „РедБрд“, покажал интерес за преземање на пакет акции во клубот од Ријад.
Кардинале е заинтересиран за купување на околу 70 проценти од акциите, а вредноста на потенцијалната трансакција се проценува на околу 240 милиони евра.
Италијанскиот медиуми пишува дека постои можност и Кристијано Роналдо да стане акционер во клубот.