За три дена Алкалоид двапати го победи Ловќен во мечеви од Регионалната лига, овојпат на гостински терен со 40-29.
Алкалоид водеше во најголемиот дел од првото полувреме, но во финишот од тие први 30 минути Ловќен успеа да го сврти резултатот и да поведе со 18-17. На одморот се замина со нерешени 18-18.
Во вториот дел Алкалоид го крена нивото, го врати водството и почна да ја зголемува предноста до конечни 40-29.
Најефикасен кај Алкалоид беше Џонов со осум голови, во составот на Ловќен, Мрваљевиќ постигна седум погодоци.
По три меча во Регионалната лига, Алкалоид има две победи и еден пораз.