Ракометните клубови на Алкалоид и Бутел денеска играат натпревари од ЕХФ европскиот куп.
Алкалоид кој е рангиран за еден од главните фаворити во натпреварувањето, во Автокоманда го пречекува тимот на Ферлах од Австрија.
Момците на Кире Лазаров неодамна го освоија ова натпреварување, па се очекува да немаат проблеми во оваа почетна фаза од Европскиот куп.
Натпреварот меѓу Алкалоид и Ферлах може да го гледате низ пренос на Арена М2 Премиум.
Бутел има гостинска задача, тимот на Столе Стоилов гостува во Хрватска кај Горица.