Ракомет

Алкалоид го наполни голот на Прилеп за осми триумф во Суперлигата

Алкалоид го наполни голот на Прилеп за осми триумф во Суперлигата

Ракометарите на Алкалоид триумфираа против Прилеп со 37-27 во деветтото коло од Суперлигата.

Екипата од Автокоманда ја контролираше играта од самиот почеток, па така го доби првото полувреме со 18-13.

Избраниците на Кире Лазаров беа уште подобри во второто полувреме во кое дополнително ја зголемија предноста до конечни 37-27.

Најефикасен во победничкиот тим беше Никола Костески со 10 голови, додека Петар Марковски запиша пет погодоци за Прилеп.

Алкалоид по девет одиграни меча се наоѓа на втората позиција во лигата и има осум победи и еден пораз.