Фудбал

Алиоски погоди од белата точка, Лугано избори осминафинале во Купот

Алиоски погоди од белата точка, Лугано избори осминафинале во Купот

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски постигна гол во убедливата победа на Лугано од 4-0 над нисколигашот Пули, со која неговиот тим обезбеди пласман во осминафиналето на Купот на Швајцарија.

Лугано уште од самиот почеток ја презеде контролата врз натпреварот, а резултатот го отвори Маркез во петтата минута. Само единаесет минути подоцна, Алиоски беше прецизен од белата точка и ја зголеми предноста на 2-0.

Гостите продолжија во ист ритам, па Келвин пред крајот на првото полувреме го постигна и третиот погодок за Лугано.

Конечните 4-0 ги постави Маркез со својот втор гол на натпреварот, потврдувајќи ја убедливата победа на Лугано и пласманот во следната рунда од швајцарскиот Куп.