Македонската борачка Даниела Алексовска славеше против Мина Хаѕопулу на ФНЦ 34 кој се одржува во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.
Алексовска беше одлична против Хаѕопулу, по што ја собори Гркинката во третата рунда и потоа ѝ нанесе 10 силни удари во главата по што следеше прекин од страна на судиите.
Ова беше шеста победа на Алексовска со субмисија, а воедно и голема радост на ФНЦ 34.