Германскиот тенисер, Александер Зверев, трипати играл во финалиња на Гренд слем турнири, но никогаш не освоил ваков турнир, се чини дека сега има вистинска шанса да го направи тоа.
Зверев е втор носител на Ролан Гарос, Германецот веќе се пласираше во осминафиналето на турнирот.
Неговата шанса за пехарот е голема затоа што Синер, Алкараз и Ѓоковиќ се во аут.
Алкараз поради повреда не се ни појави, Синер имаше здравствени проблеми во тек на меч па загуби, а синоќа беше елиминиран и Ѓоковиќ.
Зверев сега има отворен пат кон трофејот, а следна негова пречка е Холанѓанецот, Де Јонг.