Фудбал

Алваро Арбелоа ќе биде тренер во Премиер лигата

Алваро Арбелоа ќе биде тренер во Премиер лигата

Довчерашниот тренер на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа пронајде нов ангажман, ќе биде предводник на Фулам.

Договорот за кој се зборуваше во последните неколку недели официјално е потпишан од двете страни, со што Арбелоа ќе биде тренер на лондонскиот клуб во следните три сезони. Шпанецот е наследник на стратегот Марко Силва, кој пет години беше на тренерското столче на тимот од Крејвен Котиџ.

„Претставува вистинска чест за мене да ја започнам новата етапа во Фулам, најстариот лондонски фудбалски клуб. “ – изјави Алваро Арбелоа.

Новиот тренер на Фулам, претходно ги предводеше младинските категории на кралскиот клуб, а минатата сезона шест месеци го водеше и првиот тим. Во таа полусезона со мадридските бели заврши втор во шпанската Ла Лига и дојде до четвртфиналето на Лигата на Шампионите

Интересно, неговото деби во Премиер лигата ќе биде против Челси предводен од неговиот претходник во Реал Мадрид, Чаби Алонсо.