Македонскиот репрезентативец успеа со гол во 97. минута да донесе триумф за својот тим на гостувањето кај Широки Бријег.
Македонскиот репрезентативец Агон Елези, со гол во седмата минута од судиското надополнување, му донесе победа на Сараево на гостувањето кај Широки Бријег.
Широки имаше предност, а потоа Сараево во 90. минута најпрво израмни, за во седмата минута од судискоот продолжение погоди и донесе голем пресврт и победа.
Претходно Елези промаши голема шанса, но успеа да се извади потоа за промашеното и да ги донесе трите бода.
Ова беше прв гол за играчот од средниот ред во сезоната во БиХ.