nekategorisano

Агире со хит изјава за одбраната на Димитриевски ги насмеа навивачите по драматичниот финиш во Елче

Агире со хит изјава за одбраната на Димитриевски ги насмеа навивачите по драматичниот финиш во Елче

Мексиканскиот стратег не можеше да ја сокрие возбудата по неверојатната одбрана на македонскиот голман во последните секунди од натпреварот.

Столе Димитриевски беше еден од најзаслужните за големата победа на Валенсија на гостувањето кај Елче (0:1), а неговата интервенција во самиот финиш предизвика бурни реакции, но и интересна изјава од тренерот Хавиер Агире.

Македонскиот репрезентативец во 94. минута спречи сигурен гол и практично ги спаси трите бода за својот тим. Во моментите кога домашните се обидуваа да стигнат до израмнување, Димитриевски со одлична реакција ја сочува својата мрежа.

Агире, кој неодамна пристигна во Валенсија со задача да го стабилизира тимот, по натпреварот на свој начин ја опиша драмата во последната акција.

„За малку ќе нè вакцинираа во последната акција. Ќе им ги изнапцуев и мртвите предци, но тоа е фудбалот. Наша среќа е што топката не заврши во голот, бидејќи доколку нивниот играч шутираше кон втората статива, тоа ќе беше гол. Пред една недела против Виљареал загубивме во последната акција, а сега среќата беше на наша страна“, изјави Агире.